Почетна  |  Закупете простор  |  Сите реклами  |  Топ 10  |  Кажете на пријател  |  Инфо  |  Контакт Слободни: 7.021     Зафатени: 2.979

Инфо на www.reklami.com.mk



Како може да се изврши уплатата?

Уплатата може да се изврши на неколку начини и тоа:
1. Лично на рака;
2. На физичко лице преку уплатница;
3. На фирма преку фактура;

Колку време ќе биде видлива мојата реклама на Вашиот сајт?

Рекламата ќе биде видлива 1 година (365 дена) од денот на нејзиното поставување.

Дали може да се изврши измена на изгледот на рекламниот банер, линкот на рекламата и нејзината позиција?

Возможна е само промена на изгледот на рекламниот банер и линкот на сајтот до којшто е линкувана рекламата. За секоја промена треба претходно да не известите по Email и да ни ги испратите сите потребни информации околу измената, вклучувајќи го новиот рекламен банер и линкот. Позицијата на веќе поставената реклама не може да се измени.

Дали може веќе поставена реклама да биде отстранета?

Секоја реклама може да биде отстранета по Ваша желба, но при тоа нема да ви бидат вратени уплатените пари и Вашиот рекламен простор станува повторно слободен за закуп.

Што добивам јас доколку имам реклама на Вашиот сајт?

Добивате еден нов начин на рекламирање на Вашиот сајт. Секаде во светот овој начин на рекламирање е прифатен многу позитивно. Со поставување на многу реклами на нашиот сајт се добива едно шаренило коешто предизвикува голем интерес кај крајниот корисник. Со наизменично кликање на поставените реклами, корисникот доаѓа и на Вашиот сајт и станува Ваш потенцијален клиент.