|
ИДНИ ПЛАНОВИ...
Максимален SEO (Search Engine Optimization)
Се стремиме кон максимизирање на SEO на
сајот. Преостанува уште оптимизација на URL-ата на
Огласите.
Најизменично ротирање на Сите Огласи
Работиме на развој на модул којшто најизменично ќе прикажува по неколку
огласи во најгорниот дел од сајтот. На овој начин, сите огласи ќе имаат еднаква
шанса да бидат прикажани најгоре, а не само оние кои што се последни објавени
или последни ажурирани.
Слични огласи
Работиме на развој на модул којшто ќе прикажува по неколку слични огласи, на
огласот којшто моментално го набљудувате. На пример, доколку разгледувате оглас
којшто во Краткиот Опис има внесено:
"Нокиа во многу добра состојба",
како предлог, најдолу во огласот, ќе Ви бидат прикажани неколку огласи коишто се
поврзани со Нокиа или со мобилни телефони.
RSS за Сите Огласи, Категории,
Подкатегории, Цела Македонија или пак по Градови
Работиме на развој на модул којшто ќе Ви овозможи преземање на огласите преку
RSS, и тоа во повеќе варијанти. Ќе можете да ги преземете Сите Огласи,
Огласите од одредена Категорија, Подкатегорија, Цела Македонија или пак по
Градови.
ШТО Е НОВО...
Нов дизајн, код и domain
Сајтот има нов дизајн, комплетно е искодиран од почеток и е на нов
domain. Со ова дизајнот е сведен на минимум, без никакви непотребни бои,
слики, додатоци и сл., а во исто време неговата функционалност е максимизирана.
Сето ова е со цел секој, без разлика од неговите лични познавања на компјутери и
интернет, да може едностано, брзо и на максимално прегледен начин го пронајде
она што го бара, или пак да постави оглас или настан во само 3 чекори.
SEO (Search Engine Optimization)
Сега сајтот е повеќе SEO.
Секој оглас си има свој засебни meta name="keywords" content и meta
name="description" content коишто автоматски се генерираат според содржината на
огласот (Краткиот Опис и Деталниот Опис). Со помош на SEO,
Вашите огласи ќе бидат правилно индексирани од интернет пребарувачите
(Google, Yahoo и др.) и со тоа автоматски се
зголемуваат шансите Вашите огласите да бидат најдени преку интернет
пребарувачите, од страна на корисници коишто пребаруваат зборови коишто се
содржани во Вашите огласи.
Споделете на Facebook, MySpace, Twitter...
Секој оглас има линк за споделување. Со помош на оваа опција Вие можете да го
споделите Вашиот, или некој друг оглас, на Facebook, MySpace,
Twitter и сите останати светски сервиси. Така, Вашиот
оглас ќе биде достапен и на Вашата страна на Facebook,
MySpace, Twitter и др. со што шансата за успех на огласот е повеќекратно
зголемена и сите Ваши пријатели ќе може да го видат споделениот оглас.
Кориснички Профил
Доколку сте фирма или поединец кој редовно ги огласува и рекламира своите
производи, отворањето на бесплатен Профил само ќе Ви ги олесни работите. Со
отворањето на Профил, ќе имате целосна контрола врз сите објавени огласи и
настани, на едно место. Објавувањето на нов Оглас или Настан преку Профилот не
бара активирање на огласот преку email, туку огласот е
моментално поставен и јавно достапен веднаш по одобрувањето од Администрацијата.
НАПОМЕНА: За да објавите оглас или
настан НЕ е потребно да имате Профил. Отворањето на Профил е опционално,
и доколку објавите само еден оглас или објавувате еднаш месечно или поретко,
Профил НЕ Ви е потребен.
Вашиот оглас секогаш најгоре, пред другите огласи
Отсега, без да правите никаква промена на огласот, истиот може да се најде
најгоре, над другите огласи. Се што треба да направите, е да кликнете на линкот
за измена на огласот, и без да направите никаква промена на податоците, да
кликнете најдолу на копчето за зачувување на промените. Без разлика што Вашиот
оглас нема никакви промени, со кликање на копчето за зачувување на промените,
системот го третира огласот како нов, и притоа истиот е прикажан најгоре.
YouTube видео
Без разлика дали имате Ваше сопствено видео на YouTube
или не, со пополнувањето на ова поле, само ќе ги зголемите шансите за успех на
она што го огласувате. Доколку немате Ваше видео поставено на
YouTube, пронајдете некое друго видео поврзано со она што го огласувате.
Препорачливо е тоа да биде некоја реклама или детално разгледување, поврзани со
Вашиот оглас. На пример, доколку продавате мобилен телефон
Nokia N95, пронајдете некое видео коешто дава детален опис на телефонот.
Google Maps локација
Со пополнувањето на ова поле, Вие визуелно им објаснувате на заинтересираните за
Вашата локација или локацијата на којашто би сакале да се сретнете.
Видео туторијали за пополнување на полињата за YouTube
видео и Google maps локација
Поставени се два видео туторијали веднаш до полињата за
YouTube видео и Google Maps локација, со што се
олеснува нивното правилно пополнување. Изгледајте ги кратките видео туторијали
(траат помалку од 1 мин.) и визуелно ќе видите како правилно да ги пополните
истите.
Визуелна помош при пополнување на полињата при огласувањето
Веднаш штом ќе кликнете на некое од полињата при огласувањето, странично ќе Ви
се појави облаче во коешто на кратко ќе можете да прочитате како правилно да го
пополните тоа поле. Облачињата содржат и конкретни примери, за поедноставно
разбирање на полето.
Календар на Настани
Можност за објава на настани од сите видови (забави, изложби, концерти,
митинзи, прослави и сл.).
Зголемен број на Категории и Подкатегории
Бројот на категории и подкатегории е зголемен, со што значително се олеснува
пронаоѓањето на потребната информација.
Времето на чекање за активација и јавна достапност на
огласите е сведено на минимум
Отсега, времето на чекање за активација и јавна достапност на сите огласи
е значително намалено. Веднаш откако ќе ги пополните сите задолжителни и опционални
полиња при објавувањето на огласот или настанот, ќе Ви пристигне
email порака во која се содржани линковите за
измена или бришење на истиот.
Откако огласот ќе биде проверен од страна на Администрацијата, Вашиот оглас ќе
биде моментално активен и
јавно достапен на нашиот сајт. Откако ќе биде активен, во било кое време можете
да го измените или избришете огласот, со кликање на линкот за измена или бришење
на истиот.
Бројот на чекори за објава на оглас е намален на три
Огласувањето сега се состои од само три чекори. Одберете Град, одберете
Категорија/Подкатегорија и пополнете ги задолжителните и опционалните полиња.
Бројот на задолжителни полиња за огласување е намален на три
Бројот на задолжителни полиња при објавување на нов оглас е намален на три
(Детален Опис, Ваш email и
Сигурносен Код). На овој начин, за да објавите нов оглас, потребно е само да го
опишете она што го огласувате, да ја внесете Вашата email
адреса и да го внесете Сигурносиот Код кој што ќе Ви биде прикажан при
огласувањето. Доколку немате Ваш сопствен email, во
полето за Ваш email внесете
nemam@reklami.com.mk и ние ќе го активираме Вашиот оглас во рок од 24 часа.
Две нови менија за директен избор на Град и Категорија
Со додавањето на овие две менија, овозможена е промена на Градот и/или
Категоријата, со само еден клик. Повеќе нема потреба да одите на Почетна, па да
одберете Град, па Локација, со што ја задржувате прегледноста и го намалувате
времето на барање.
|