|
Patentni prava za bekaton-kopija |
|
Продавам патентни права за производство
на калапи за подно бетонирање со чија
помош се добива копија од бекатон.
Калапите можат де се изработуваат од
пластика а се користат на следниот начин-
калапот се поставува на површината која
треба да се бетонира/поплочи (двор,
патека, улица, тротоар, паркинг, плоштад,
итн), во него се става свеж бетон
(полутечен) кој се размачкува. Потоа
калапот се подига, а на земјата останува
бетонска парцела на чија горна страна
има отисок од калапот кој е идентичен на
бекатонските плочки, а има и вертикални
шилци кои служат за дренажа на водата.
Боја може да се стави во самиот бетон или
дополнително да се бојадиса по желба.
Постапката се повторува исто до крај на
целата површина. Предноста на овој калап
е во тоа што трошок е само бетонот, додека
нема трошоци за местење, за мајстори, за
тампонирање, машини за набивање,
механизација, итн. Затоа метар квадратен
бетонирана површина би чинела 2-5 пати
поефтино од класичните бекатон плочки и
би била од 80-150 денари по квадрат.
Препорачливо за бетонирање/поплочување
на големи површини. Дизајнот може да биде
најразличен, а на сликите е претставена
компјутерска анимација како би
изгледале некои дезени. Цената на чинење
на производот би била многу ниска и
прифатлива наспроти класичната техника
на местење бекатон плочки, а како
потенцијален пазар за продажба ги гледам
Македонија, Албанија, Косово како и
државите од екс-ју. Пронајдокот е
патентиран и заштитен, а за цената може
да се договориме, може и компензација.
|