Прв пат на reklami.com.mk ? Што е ново? Кликнете тука...
Почетна / Цела Македонија / Превозни Средства / Чамци и Бродови


Оглас# A6973

Објавен/Ажуриран: Петок, 23 Март, 2012  11:50
Цена: По Договор
Цел: Се продава
Состојба: Нов
Име: Aquatica Ohrid
Телефон: 078/472-482
Email : aquatica_2010@yahoo.com или Користете ја Контакт Формата подолу
Град: Охрид
 

Prodazba na novi pasari Vario 19
Пасара Варио 19

Варио 19 е фамилијарна викенд пасара наменета за крстарење по езера , реки и покрај морскиот брег. Поради својата мала тежина, може да да се пренесува на лесна приколица со обично возило и на многу лесен начин да се пушти во вода на места на кои најмногу ви одговара.

Технички карактеристики:

Должина: 5,90 метри
Ширина: 2,00 метри
Газ: 0,13 метри/0,66 метри
Тежина: 350 кг
Кревети :2+2
Јачина на моторот: од 3-10 киловати
Површина на едра(опција) 18м2

Цена:
Кит верзија
Комплетно опремен


Стандардна опрема

-лизгачка врата на кабината
-прозорци на кабината и кокпитот
-палубна опрема(битви, брави, пафти)-од инокс
-команди на правецот(волан, механизам за управување и телефлекс сајла)
-вградена крма со механизам(С-1) за прифат на телефлекс сајлата
-самопразнечки кокпит и луфтери на крмениот дел
-сигнализација(бело јарболно и странично црвено и зелено светло со прекинувач)
-штек 12в во кабината и кокпитот
-кабинско светло со прекинувач инокс ф 110мм
-инокс ограда на прамецот, ракофати на кабината и скали на крмениот дел
-макара за спуштање на сидрото на прамецот
-надворешен тапацир(марин скај) 3 парчиња
-внатрешен тапацир(мебел штоф) 4 парчиња
-бимини тенда на склопување
-паркирна церада
-гумен штитник на страниците на целата пасара


Дополнителна опрема

-соларен луфтер на врвот на кабината
-свирка со прекинувач
-перниче за потпирање за возачот(изработено од скај)
-дополнителен внатрешен тапацир од мебел штоф
-радио со цд и звучници во кабината
-странични огради на кокпитот од инокс
-странични штитници(бокобрани), весло ,сидро, јажиња, чакља...
-хемиски тоалет
-фрижидер 12в
-сонар

Огласувачот е согласен да го контактираат и за други комерцијални понуди, неповрзани со овој оглас.