|
Novi brodovi Narval 1120-GOLEM NOVOGODISEN POPUST DO 15Januari 2012, Kolicini OGRANICENI |
За моделот
Како и претходниот модел, се одликува со
голем стабилитет, цврста и јака
конструкција.
Има ист кокпит и ентериер, а се разликува
по напредниот дизајн на палубата, која
стана интегрален дел на бродот, па со тоа
водената линија е поголема и брзината е
поголема.
Благодарение на оригиналното решение на
крмата, овозможен е директен излез на
вода.
Со своите карактеристики ги вклопува
различните сфаќања и навики за времето
кое треба да се минува на
вода-релаксирано крстарење и активен
одмор со рибарски стап.
Целата внатрешност на бродот е
осветлена со природно светло,
благодарение на големите прозорци.
Кога станува збор за вградувањето на
бродски мотор, целиот моторен простор е
дополнително звучно изолиран, така да
бучавоста на моторот е сведена на
минимум.
Постои можност и за монтирање на
вонбродски мотор.
Од аспект на сигурноста, широкиот
пристап кон прамецот, со добро
комбинирани анти лизгачки површини е
резултат на големото искуство и
стручност на Нарвал тимот.
Како мал стан, со поглед на вода, нуди
потполно нов начин на живот, каде што
комодитетот на домот се пренесува на
комодитетот на живеење на вода.
Се испорачува во кит верзија или
стандардно опремен.
Технички карактеристики:
-должина: 11,20 метри
-ширина: 3,00 метри
-газ: 0,60 метри
-тежина: 3000 кг
-резервоар за гориво: 200-400 литри
-резервоар за вода: 170+170 литри
-јачина на моторот: 40-60 кс
Цена:
-кит 1
-кит 2
-стандардно опремен
|