|
Prodazba na novi Brodcinja Narval 960 |
За моделот
Се одликува со депласмански труп, цврст и
стабилен, со високи перформанси и
изненадувачки комфор, Нарвал 960 е
прилагодлив моторен брод кј може да се
користи за разни намени. Благодарејќи на
вбризганиот полиуретан, бродот има
голема цврстина. Се карактеризира со
добро избалансиран ентериерски
распоред, има голема крмена кабина со
двоен лежај, уште еден двоен лежај во
прамецот, салон со просторна U клупа,која
кога ќе се спои со масата, се претвора во
уште еден дупли лежај, со солидно
опремена кујна, како и одвоено вц и туш,
така да е обезбеден целосен комфор за 6
патници. Со овој брод, може да се помине
неколку дена на вода, бидејќи покрај
комфорниот ентериер, тоа го овозможува и
широкиот кокпит и палуба , кои нудат
многу простор за разни активности и
целосно уживање на вода. Се испорачува во
кит или стандардно опремена верзија.
Технички карактеристики:
-должина: 9,60 м
-ширина: 3,00 м
-газ: 0,60 м
-тежина: 2700 кг
-резервоар за гориво: 200-400 литри
-резервоар за вода: 175 литри
-јачина на мотор: 40-60 кс
-број на лежаи: 6
цена :
кит 1
кит 2
стандардно опремен
|